Во Велес започна реализација на младинска иницијатива за превенција на родово базирано насилство, креирана од страна на средношколците од сите средни училишта во градот.
Целта на оваа иницијатива е да се подигне свеста кај младите за формите на родовото базирано насилство, да се охрабрат јавно да зборуваат за тоа и да размислуваат за превенција и минимализирање на РБН.
Во реализација на активностите вклучени се тизер видеа каде што граѓаните одговараат на вообичаени прашања и направен е еден колаж, кој може да се погледне на блогот на иницијативата, врснички едукации во средните училишта како и снимање на краткометражен аматерски филм и сл.
Иницијативата е поддржана од “Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство” како и UN WOMEN organization.