Истанбулскиот бенд „Lalalar“ се враќа во МКЦ

По фантастичниот настап на „Здраво млади“ пред две години, МКЦ оваа година „Lalalar“ ги угостува на престојниот фестивал „Cinedays“ на 10 јули.

„Дозволи да те понесе нивниот звучен бран составен од спојот на анадолски фанк, италијански вестерн и извртена електорника. Бендот го сочинуваат Ali Güçlü Şimşek, Barlas Tan Özemek и Kaan Düzarat, едни од трите најактивни и најиновативни алтернативни турски музичари“, стои во најавата на МКЦ.

Турците слободно можат да бидат дел и од „Оффест“ програмата. Или од рокенрол фестивал. Сеедно. Ова е музика за играње, со звучни затишја пред еруптивни налети. Егзотична музика со приказни од Анадолија. Бучен, психоделичен звук со електронски ритмови и ретро-филмски бас линии.

МКЦ го реализира концертот како дел од Liveurope, првата Паневропска иницијатива што ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. Liveurope е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.