Загубата на косата е појава почеста кај мажите отколку кај жените, па употребувањето на терминот „келав“ е форма на дискриминација.
Оваа одлука ја донесе британскиот Трибунал за вработување, пренесува „Гардијан“. Според одлуката, коментари за келавоста на работниците е исто како коментирање за големината на градите на работничките.
Одлука е донесена заедно со комисија од тројца мажи, а станува збор за судски спор помеѓу поранешно вработено лице и компанијата каде што тој порано работел.
Тони Фин, кој веќе ја очекува исплатата од тужбата, работел за компанија во Западен Јоркшир повеќе од 24 години, а отпуштен бил во мај, минатата година. Тој отворил спор со компанијата пред британскиот Трибунал за вработување, бидејќи меѓудругото, бил жртва на сексуално вознемирување.
Фин тврди дека тој од страна на својот менаџер бил наречен „келава пи*да“. Во своето сведочење, Фин изјавил дека бил помалку изнервиран од „англосаксонскиот јазик“, но го повредил коментарот за неговиот изглед.
На спорот кој го водел судијата Џонатан Брајан, се одлучувало дали коментарот за келавоста е навреда или пак вознемирување.
„Ова е силен јазик, а покрај тоа што овој начин на изразување е вообичаен за Западен Јоркшир, сепак одлучивме дека надредениот ја поминал границата бидејќи сакал да го навреди вработениот поради неговиот личен изглед“, изјавиле од комисијата.