Британските детски психолози изработија нови препораки според кои адолесценцијата завршува на 25 години, наместо како досега, на 18.
Според ова, младите луѓе во Британија ќе се нарекуваат возрасни дури откога ќе наполнат 25 години, во обид да се спречи наглото завршување на детството и да се намали притисокот да се донесуваат важните животни одлуки порано.
„Стануваме се посвесни за важноста на развојот по 18-та година и мислам дека ова е одлична иницијатива“, вели детскиот психолог Лаверн Антробас од лондонската клиника Тависток.
Со новите препораки, адолесценцијата сега е поделена на рана (меѓу 12 и 14 години), средна (од 15 до 17) и доцна (од 18-та година). Ова доаѓа по истражувањата, кои покажуваат дека мозокот продолжува да се развива и по тинејџерските денови. Исто така, веќе е докажано и дека за време на адолесценцијата, податоците во мозокот се обработуваат многу поинаку отколку во детството или во зрелата доба. Мозокот тогаш се „реорганизира“, а хормоните се менуваат.
„Некои адолесценти сакаат подолго да останат со нивните семејства, затоа што им е потребна поддршка низ годините на развојот. Важно е родителите да сфатат дека сите млади луѓе не се развиваат со еднаква брзина“, вели Антробас.