Рускиот војник на кој му се суди за воени злосторства во Украина се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил. Вадим Шишимарин кој беше командант на единицата 32010 на четвртата тенковска дивизија Кантемиров во московскиот регион е обвинет дека во деновите по инвазијата убил невооружен 62-годишен цивил и му се заканува доживотен затвор.
Тој е првиот руски војник обвинет за воени злосторства од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.
Неговото сослушување пред украинскиот суд во Киев започна пред пет дена. Тој е обвинет за убиство на цивил на 28 февруари во селото Чупахивка во близина на Киев.
Според обвинението, руски војници влегле во селото каде виделе невооружен жител како вози велосипед и разговара на телефон.
Како што се наведува, на осомничениот му наредиле да го убие цивилот за да спречи да го пријави присуството на Русите.
Обвинителите рекоа дека би можеле да следат повеќе судења, по идентификувањето на илјадници потенцијални злосторства извршени од руските сили. Москва негира дека цивили биле цел на нејзините војници.