Шефот на Светската програма за храна на ОН (ВФП) Дејвид Бисли предупреди дека војната во Украина создаде криза на невиден пораст на цените на храната, пренесува „Данас“.
Тој рече дека ќе се зголеми бројот за уште 47 милиони луѓе на претходните 276 милиони на кои им се закануваше глад пред руската инвазија на Украина.
Дополнително, на состанокот на Советот за безбедност на ОН рече дека 49 милиони луѓе во 43 земји веќе „чукаат на вратата на гладот“.
Тој рече дека конфликтите, влијанието на климатските промени и пандемијата на коронавирусот веќе влијаела на безбедноста за обезбедување храна, но дека војната во Украина, каде што се одгледува доволно храна за 400 милиони луѓе, дополнително придонела за состојбата.
Бисли посочи дека светските лидери мора да помогнат да се отворат украинските пристаништа и да се зголеми производството на храна.