Арапска јагода или „Tootard“ е хабиби фанк-дуо, составено од браќата Хасан и Рами Наклех, кои се приклучуваат на листата настапувачи на овогодинешното издание на „Здраво Млади 12“ што ќе се одржи на 3 септември во паркот во МКЦ.
Дуото доаѓа од планинското село Мајдал Шамс во окупираниот голански регион.
Како што велат од МКЦ, нивната музика предизвикува носталгични сеќањава на некој подземен диско-подиум во доцните 80-ти во Каиро.
„Електризирани тела понесени од боите и светлата, вобзудени до екстаза од пенетрирачките звуци на сајзерите и ритам-машините. Вистински религиозен момент. Можеби тоа време е веќе завршено, но сепак последниот албум на Сиријците ‘Tootаrd’ насловен ‘Migrant Birds’ магично ветува дека не е. Не нѐ прашувајте како ги откривме, само препуштете се“, соопштуваат од МКЦ.
Освен „Tootard“, годинешното музичко мени на „Здраво Млади 12“ е составено и од настапите на „Deerhoof“ (САД), „Holy Fuck“ (КАН), „Tamada“ (ГРУ) „21 vek“ (MКД) „Sitzpinker“ (СРБ) и „Porto Morto“ (ХРВ).
Билети по цена од 500 денари на билетарница МКЦ или на следниов линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1052