Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони патува“ денеска и утре ќе се одржи во Центарот за култура во Дебар, каде ќе учествуваат и ученици од дебарската гимназија, информираа организаторите.
На 2 и 3 јуни пак, караванот ќе се пресели во Културно-информативниот центар „Романса“ во Македонска Каменица, а следната недела, односно на 9 и 10 јуни, фестивалот ќе продолжи во Домот на културата „Лазар Софијанов“ во Кратово.
„Филмската програма е намената за учениците од основни и средните училишта и предвидува дводневни активности со прикажување на европски филмови наменети за младата публика, кои опфаќаат теми што ја засегаат младата генерација. По филмските проекции ќе бидат проследени со дискусии, а потоа на една од трите понудени креативни работилници, младите ќе ја поттикнуваат својата креативнот и ќе се забавуваат“, велат организаторите.
Под името „Џифони патува“, фестивалот во изминатите години се одржа во 19 општини, а за оваа година се планирани 5 општини.