Тиииит! Инк. во соработка со Helsinki Citizens’ Assembly (hCa) од Бања Лука ја организираат кампањата #AŠtoNeBiMogla со работилниците за деца и млади кои ќе се одржат со реномираната босанска уметница Селма Селман, на 5 јуни во Музеј на современа уметност во Скопје
Работилницата за деца од 7-14 години ќе ги опфати темите: занимања и родови стереотипи, жени лидери во мојата средина, родово базирано насилство.
Работилницата за и млади од 14-18 години ќе ги опфати следните теми: Рамноправност во дигиталниот свет, онлајн дискриминација и родово-одговорен јазик.
„Целта на едукативните работилници ‘За еднаквост во работата со уметницата Селма Селман’ е да се поттикнат и мотивираат децата и младите да разговараат за родовата различност, да се поттикне намалувањето на родовите јаз при уписот во училиште, напредувањето и задржувањето во училиштата на сите нивоа на образование и доживотно учење за девојчиња и момчиња, жени и мажи“, се вели во најавата за работилницата.
Селма Селман е светски призната уметница со ромско потекло, којашто се бави со перформативна и медиумска уметност, и е добитничка на бројни престижни награди. Таа сè уште активно учествува и изложува на различни фестивали. Селма е иницијаторка на „Марш на школо/Get the heck to school“, проект преку кој Селма се бори за зголемување на бројот на ромските деца во школските клупи, и како што истакнува Селма нејзина желба е бројката од 15-те проценти кои моментално посетуваат настава да достигне бројка од 95%.
Едукативни и креативни работилници наменети за деца од 7-14 години од 9 до 13 часот и работилница за млади од 14 до 17 години од 13 до 16 часот ќе се одржат во недела со паузи за освежување и ручек. Максималниот број на учесници е 15.
Сите заинтересирани можат да го потврдат учеството преку Гугл формата на линковите.
За деца од 7 до 14 години: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSeIIgGRDPG…/viewform…
За млади од 14 до 18: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSeHPVyI4Kh…/viewform…
или да пишат на tiiiit.inc@gmail.com.
Инаку, ова издание на Прво па женско е поддржано од: Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, FRIDA | The Young Feminist Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура. Партнери и соработници за #ППЖ10: Медуза, ПичПрич, Младински Културен Центар, Коалиција Маргини / Coalition Margins (Skopje Pride Weekend), Kontrapunkt (КРИК – фестивал за критичка култура), Helsinki Citizens’ Assembly (HCA), PrivatePrint, и Center for Research of Nationalism and Culture.