Снегот на европските Алпи брзо се повлекува и го заменува вегетација, што е видлива последица на климатските промени која може да се види од вселената, покажува ново истражување. Научниците од универзитетите на Лозана и Базел користеле сателитски податоци за да ја состават, како што тврдат, најсеопфатната анализа на промените во продуктивноста на вегетацијата на Алпите. Истражувањето е објавено во магазинот „Сајенс“.
Истражувачкиот тим, предводен од професорката Сабине Румф од Универзитетот Базел, употребил сателитски податоци за да покаже дека вегетацијата над дрворедот се зголемила за речиси 80 отсто на Алпите во последните четири децении поради климатските промени. Снежната покривка, пак, се намалила.
„Се покажа дека размерите на промените на Алпите се огромни“, кажа Румф. „Алпските билки се прилагодени на тешки услови, но се баш конкурентни“, кажа професорката, додавајќи дека специјализираните видови ја губат предноста со менувањето на условите на околината. „Единствената биолошка разновидност на Алпите е под голем притисок“.
Истражувачкиот тим го анализирал и опсегот на снежната покривка над линијата на дрвјата во регионите над 1.700 метри, со исклучок на глечерите и шумите. Откриле дека снежната покривка „значително се намалила“ во речиси 10 отсто од подрачјата од 1984 година и го опишуваат тоа како „загрижувачки тренд“.
„Претходните анализи на сателитските податоци не идентификуваа таков тренд“, кажа Антоан Гусан од Универзитетот Лозана. „Ова намалување веќе довело до тоа некои подрачја да се главно без снег“, кажа Грегор Маритоз, исто така од Универзитетот Лозана.