По објавените податоци од Државниот завод за статистика, „О2 Иницијатива“ излегоа со реакција и визуелни прикази за тоа колку нови станови новите градоначалници во Скопје одобриле за градење од ноември 2021 до март 2022 година.
„Предничи Аеродром со 792 нови стана, потоа Карпош со 382 и Гази Баба со 230. Вкупно сите општини во Скопје ќе изнедрат нови 1,989 стана само за овој период“, соопштуваат од „02 Иницијатива“.
Еко-активистите посочуваат дека пред своето заминување градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, во октомври 2021 издал 160 одобренија за градење за рекордни 1,268 стана. Според нив, со ова, Наумовски „надокнадил за цел мандат“.
„Живееме во кризен период по многу параметри, ама криза за градење на нови станови во Скопје нема“, забележуваат од „02 Иницијатива“.