Студентите од Факултетот за музичка уметност ќе учествуваат на концертот „Звукот на идната генерација“, кој ќе се одржи во четврток, 9 јуни, со почеток во 20 часот.
Во Филхармонија ќе се изведуваат дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс, под диригентската палка на Борјан Цанев.
Како солисти ќе настапат Магдалена Кочоска, Виктор Богоевски, Анел Селим, Памела Велкова, Искра Атанасова Митуш, Ивона Базгаловска и Ана Спасовска.
Диригентот Цанев е добитник на македонското признание Виртуози – најдобат музички изведувач во 2013 година.
Тој од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во земјава и во странство.