Семејството на израелскиот писател Ехуд Јонај чија статија во 1983 „Топ ганс“ го инспирираше креирањето на култниот филм „Топ ган“ во 1986, сега ја тужи продукцијата Парамаунт за авторски права што се искористени при објавување на продолжението на филмот „Топ ган: Маверик“ минатиот месец, пренесува Би-Би-Си.
Тие тврдат дека филмското студио немало право да ја користи приказната на Ехуд при снимањето на вториот филм.
Во тужбата што беше поднесена до федералниот суд во Лос Анџелес од страна на сопругата и синот на Ехуд, стои дека продукцијата не успеала повторно да ги стекне правата за користење на статијата на Ехуд откако биле укинати од страна на Законот за авторски права на САД.
Тие бараат неодредена оштета од продукцијата и дел од профитот на филмот што заработи 548 милиони долари 10 дена по премиерата.
Според тужбата, франшизата „Топ ган“ не би постоела без „книжевните напори, евокативната проза и наратив“ на Ехуд. Таму е наведено и дека семесјтвото во 2018 ја известило продукциската куќа дека првата на приказната ќе истечат по две години, во јануари 2020.
„Иако Парамаунт сака да се преправа, тие го продуцираа „Топ ган: Маверик“ откако ги загубија авторнските права на статијата“, вели адвокатот на семесјтвото, Марк Тобероф.