Започна „Фудбал Фрејм“ – дигитална платформа којa има идеја да го користи фудбалот како алатка за стимулирање промени во општеството.
„Фудбал Фрејм“ беше иницирана со едноставна идеја: пренесување на убавината на фудбалот подалеку од вообичаените компетитивни контексти. Како победник на минатогодишниот натпревар за социјално претприемништво (RISE Journey), се развиваше низ процесите на идеација и инкубација со помош од локалниот инкубатор АРНО, кои понудија менторска и експертска поддршка и го доби современиот денешен облик.
Физички, „Фудбал Фрејм“ од 19-22 мај веќе учествуваше во организација на спортски настан „Летен Куп Скопје 2022“ во соработка со ФК Маџари Јуниор. Од денес, 7 јуни, се појавува и во дигиталниот простор.
„Наспроти брзите, препишани спортски вести на кои не требаше да се навикнеме, ‘Фудбал Фрејм’ се спротивставува нудејќи простор за фудбалските муабети кои нѝ недостигаат“, велат од дечките позади дигиталната платформа.
Радио МОФ веќе правеше интервју со тимот кога ја стартуваше идејата, страсни љубители на фудбалот. Тие потенцираа дека, меѓу другото, преку алатката сакаат да промовираат здрави животни стилови и да зборуваат за теми како едукација, здравје, родова рамноправност.
[Интервју] „Football Frame“: Фудбалот е неискористена алатка за социјална промена