Социјалните мрежи ги прават луѓето заборавени – не се сеќаваат што прочитале, ниту пишувале, а тоа чувство подоцна се шири и во реалноста, предупредуваат научниците.
„Н1 инфо“ пренесува дека оваа појава на заборавање на баналните работи како она што го читаме или дали сме ја заклучиле вратата, науката го нарекува „секојдневно дистанцирање“,
Универзитетот во Вашингтон објави студија чија цел е да утврди колку луѓето „се исклучуваат“ кога користат социјални мрежи.
Стручните лица создале апликација која ја следела активноста на учесниците на студијата додека тие користеле „Твитер“ во рок од еден месец.
Во различни временски интервали, апликацијата автоматски ги прашувала учесниците дали се сеќаваат на тоа што го прочитале.
За време на студијата, 42 отсто од учесниците барем еднаш одговориле дека не се сеќаваат на прочитаното, како и дека и самите тие не обрнуваат внимание на нивната активност.
Исто така, 16 отсто од учесниците изјавиле дека потполно се исклучиле за време на користење на социјалните мрежи.
Апликацијата, односно автоматизираното прашање всушност ги натерале учесниците да го вратат фокусот кон нивната активност.
Друштвените мрежи се дизајнирани за поттикнување на подолго „скролање“ низ содржините.
Кога учениците биле дистанцирани тие имале намалено чувство на вклученост, што ги направило ранливи и со изгубено чувство за време, предупредуваат научниците.