Општина Гази Баба и ПСМ Фондација објавуваат повик за избор на најдобар бизнис план за зелени бизниси што има за цел да го поттикне претприемачкиот дух кај фирмите и младите претприемачи кои се спремни за промени преку иновативни еко-решенија.
Со повикот ќе се обезбеди поддршка на три старт ап фирми со фокус на животната средина.
Право на аплицирање имаат сите кои ги исполнуваат следните услови:
- Физички лица на возраст од 18 до 40 години – достава на фотокопија од лична карта;
- Микро и мали старт ап фирми не постари од 3 години – достава на Тековна состојба не постара од 30 дена од денот на достава;
- Услов за искористување на наградата од новооснованата фирма е да биде со локација во Општина Гази Баба – достава на Тековна состојба по регистрација на фирмата;
- Бизнис идеја / иновативно решение со фокус на животна средина – Достава на пријава со краток пресек на бизнис идејата од страна на проектниот тим или старт ап фирмата;
- Целни области: управување со отпад, управување со води и третман на отпадни води, шумарство и земјоделие, урбана средина, климатски промени и др. – достава на пријава со краток пресек на целната област од страна на старт ап фирмата.
„Заштитата на животната средина е од есенцијална важност за подобрување на условите за живот, па токму затоа оваа проблематика е се поактуелна и претставува предизвик за голем број на фирми да инкорпорираат зелени бизнис модели или да ги поттикне младите претприемачи да започнат свој бизнис и иницираат еко-промени“, велат од ПСМ.
Сите учесници ќе имаат можност да бидат дел од акцелераторската програма за зелени бизниси, имплементирана од ПСМ фондација. Најдобрите идеи ќе имаат можност да добијат награда што вклучува:
- Целосно опремен канцелариски простор во времетраење од една година;
- Покриени трошоци за регистрација на фирма во Општина Гази Баба;
- Учество во акцелераторска програма за зелени бизниси;
- Континуирана поддршка и менторство за раст и развој на компанијата;
- Помош при подготовка на апликација / презентација за инвеститори и програми за финансирање;
- Вмрежување;
- Промоција.
Повикот е отворен до 15 јуни, а подетални информации може да се најадат тука.