Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка во улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ на деветтиот меѓународен фестивал на актерот во Коњиц, Босна и Херцеговина.
На фестивалот учествуваат девет професионални театри од регионот, Србија, Хрватска, Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина.
Ризова ја доби наградата од публиката што како и секој пат е во улога на жири-комисија при доделување на признанието за најдобар актер и најдобра актерка.
„Нема да биде крај на светот“ е во текст на Аднан Лугониќ и режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот Народен Театар. Повеќе за претставата и нејзината следна изведба може да се најде тука.