Владата го прекрши рокот за одлучување дали Советот на Општина Тетово ќе оди на вонредни избори токму поради прекршување на законските рокови и за неусвојување на сомнителна завршна сметка од истата, се вели во реакцијата на независната советничка група Подобро за Тетово, посочувајќи на член 76, став 2 од Законот за локална самоуправа.
Иницијативата смета дека секој чекор што ќе го преземе после ова Владата нема да може да носи никаква тежина.
„Подобро за Тетово смета дека извршната власт денеска го загуби законското и моралното право да одлучува за Советот на општина Тетово“, велат од Подобро за Тетово.
Неофицијално, посочуваат тие, оваа точка ќе се става на дневен ред денес.
„Ја потсетуваме Владата дека одлука донесена со кршење на законските процедури е еднакво на 0, односно без правна сила. Подобро за Тетово ги повикува надлежните институции да ги преземат неопходните мерки, односно да ја спречат Владата на МКД од можни законски прекршувања! Подобро за Тетово продолжува со работата, за #Тетово“, соопштува иницијативата.
И покрај неодамнешните настани со Советот на Општина Тетово, велат дека на ноемвриските избори листата Подобро за Тетово донела нов дух, посочудајќи дека за прв пат имало листи со кандидати со објавени биографии и предизборни програми. Исто така, посочуваат дека се зголемило нивото на транспарентност и отчестност, се следат седниците на советот во живо, суспендиран е ДУП-от Шик-Јелак, a се донирани и платите од советниците за корпи за отпадоци, поддршка на жени жртви на семејно насилство, за стипендии за студенти и за семејства во потреба.