Мајкрософт објави дека ќе го отстрани својот многу користен пребарувач Интернет Експлорер (ИЕ) по речиси 27 години од неговата прва употреба во 1995 година, пренесува Гардијан.
Од денес десктоп апликацијата ќе биде оневозможена и наместо тоа корисниците ќе бидат пренасочени кон прелистувачот Еџ (Edge) на Мајкрософт.
Интернет Експлорер беше портата за пристап кон интернет за луѓето родени пред генерацијата зет, во ерата кога Мајкрософт доминираше во светот на технологијата, пред Гугл, Фејсбук и Тик Ток и кога пребарувачите мораше да се инсталираат на компјутерите со помош на ЦД-ром.
Во поднесок кон австралиски регулатор за преглед на интернет прелистувачи, Мајкрософт рече дека одлуката да се откаже од ИЕ се должи на фактот дека програмерите имаат помала веројатност своите сајтови да ги направат прилагодливи кон Експлорер.
Интересот за ИЕ сѐ почесто ослабуваше особено кога низ годините пристигнуваше нова и значително побрза конкуренција како Мозила Фајарфокс и Гугл Хром.
— Paul Johanson (@pauljohanson) June 15, 2022
Исто така, од компанијата посочуваат дека главната причина што некои луѓе и сега го користеле ИЕ е поради тоа што истиот е веќе инсталиран на нивните компјутери. И покрај тоа што пакетот прелистувач во Виндоус беше предност на Мајкрософт во минатото, сега луѓето се свесни и за други опции што постојат на нивните компјутери и сега останатиот „Еџ“ прелистувач има само 9 отсто застапеност на маркетот.