По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, ќе се одржи велосипедска тура, со цел да се подигне светста за бегалците.
Турата предвидува 3 различни рути кои водат до заедничко место на средба по кое групата ќе продолжи до Кафе Централ Парк во Градскиот парк во Скопје.
Сите заинтересирани можат да се пријават преку следниот ЛИНК.
Организаторите ќе обезбедат маици за подигање на свеста (унисекс) кои ќе се носат за време на настанот.