Студија покажува дека барањето што „Твитер“ го поставува до своите корисници да ги прегледаат и преиспитаат своите твитови пред објавување влијае во промена на однесувањето на корисниците да се намали бројот на штетни и навредливи твитови, пренесе „Гардијан“.
„Откривме дека на секои 100 твитови корисниците биле прашани уште еднаш да ја прегледаат содржината пред да го објават твитот. Оттука 69 твитови биле објавени без ревизија, 9 биле откажани, а 22 биле ревидирани, а од тие 22 само еден бил пренапишан со уште понавредлива содржина, додека останатите биле преработени за да бидат поблаги“, пишуваат експертите за податоци од тимот на Твитер, Кети Јанг и Лорен Фратамико.
Бројот на твитови со несоодветна содржина се намалил за една петина кај корисниците кои добиле известување за да го преиспитаат својот текст наспроти оние кои не добиле.
„Ова претставува широка и одржлива промена во однесувањето на корисниците и имплицира дека добивањето на известувања прави луѓето да избегнуваат навредливи зборови во идните твитови“, велат истражувачите.