Во сабота (28 септември) во Хотелот Квинс во Скопје, кој се наоѓа во трговскиот центар Зебра, ќе се одржи работилница за медиуми насловена „СЕКСУАЛНА РАБОТНИЧКА во приватен живот, ПРОСТИТУТКА во јавност“.
Како предавачи на работилницата ќе бидат новинарот Зоран Бојаровски, Наташа Бошкова и Марија Тошева.
Почетокот на работилницата е закажан во 11 часот, а тимот на Радио МОФ ќе го стрима целиот настан.
Дневната агенда може да ја погледнете под текстот.
Работилницата ја организира ХОПС, а е поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.