Инстаграм ќе започне тестирање на нов модел за проверка на возраста на корисниците при што оние кои веќе забележале дека имаат под 18 години и се одлучат да ја сменат возраста над 18 години дополнително ќе треба да прикачат видео од себе си за автоматско одредување на возраста или од тројца различни возрасни кои ќе го потврдат тоа за нив.
„Гардијан“ пренесува дека овие промени првично ќе се применуваат во САД се за корисниците кои се обидуваат да го изменат внесениот датум на раѓање
„Бараме луѓето што одлучуваат да отворат профил на Инстаграм да имаат барем 13 години. Кога некој е тинејџер му овозможуваме искуства за соодветни за возраста, на пример заштита од контакти од возрасни кои не ги познаваат и ги ограничуваат опциите на огласувачите да допрат со нив преку реклами“, велат од Инстаграм.
Во првата од новите опции, видео-снимката на корисникот ќе биде споделена со стартапот за верификација Јоти. Откако ќе се провери возраста, од компанијата уверуваат дека видеото ќе биде избришано од сите сервери.
Втората опција ќе му дозволи на Инстаграм да се обрати до возрасните да гарантираат за возраста на детето. Младите ќе треба во рок од три дена да најдат тројца заеднички следбеници што се полнолетни и што ќе можат да им ја гарантираат возраста, но овие следбеници не треба да гарантираат возраст и на други лица во исто време.