Во март годинава, по повеќе од 20 години се родија три женски лавчиња. Од Зоолошката градина во Скопје, информираат дека одлично напредуваат, а од денес тие се пуштени во надворешното живеалиште и посетителите може да ги видат одблизу.
Од Скопје Зоо отворија и повик за именување на трите бели лавчиња.
„Граѓаните предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на Фејсбук страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на Фејсбук страницата на Град Скопје“, известуваат оттаму.
Повикот за именување на малите лавици ќе трае една недела, а веќе следната, одбраните имиња ќе бидат јавно објавени.