Истражувачкото друштво на студенти биолози ги избра најдобрите фотографии од единаесеттиот биофото конкурс на тема „Флора и Фантазија“.
Главен мотив на фотографиите за конкурсот се диворастечките растенија од Македонија. Оваа година се фотографираа членестостеблените растенија (SPHENOPSIDA) и папратовидните растенија (PTEROPSIDA) – со своите три оддели: папрати (FILICINAE), голосемени (GYMNOSPERMAE) и скриеносемени растенија (ANGIOSPERMAE).
Од ИДСБ апелираат дека македонските значајни растителни подрачја (ЗРП) треба да добијат поголем степен на заштита. Во С. Македонија постојат 42 ЗРП кои сочинуваат 18% од вкупната територија на државата, но само 13 од нив се заштитени на национално ниво
Најдобрите фотографии беа избрани преку гласање на Фејсбук и од комисија составена од претседателството на Истражувачкото друштво на студенти биолози, професори по биологија и од професионални фотографи. Фотографиите изминатиов викенд беа изложени во „ShortBus“
Во продолжение погледнете дел од најдобрите фотографии на овогодишниот конкурс: