На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
1. [Видео] Со камења нападнати демонстрантите на протестот против францускиот предлог
Демонстрантите на петтиот ден од протестот против францускиот предлог во Скопје беа нападнати со камења од група луѓе кои се наоѓаа на плоштадот „Скендерберг“. Некои од демонстрантите возвратија со камења, а инцидентот траеше околу 10-тина минути.
Меѓу групата луѓе која фрлаше со камења кон демонстрантите, од МВР велат дека имало лице кое испукало со пиштол во воздух, додавајќи дека лицето потоа било приведено.
[Видео] Со камења нападнати демонстрантите на протестот против францускиот предлог
2. [Интервју] Констракта: Публиката е заситена од поп музиката на Балканот, убаво е кога има промени
Ана Ѓуриќ за прв пат под името „Констракта“ настапи во Македонија, претходно таа има настапувано со инди поп групата „Земља грува“ каде е поранешен член. И покрај тоа, за време на едночасовниот настап на последниот ден од „Д фестивал“ публиката го презеде микрофонот на сите песни што придонесе взаемниот однос да биде налик опиплива магија.
Во интервју за Радио МОФ, по настапот, популарната поп пеачка својот перформанс го опиша како прекрасно чувство.
[Интервју] Констракта: Публиката е заситена од поп музиката на Балканот, убаво е кога има промени
3. Младите бараат флексибилно работно време, можност за работа од дома и повисоки плати
Повеќе пракса отколку теоретска настава, поддршка од државата за обуки и развој на вештини на младите и развој на образовен систем кој ќе продуцира кадри според потребите на пазарот, како и поттик за развој на поширок спектар професии со кои вработувањето ќе биде загарантирано – ова се само дел од решенијата за тоа како професиите на иднината да се прилагодат и да бидат од интерес и на младите и на работодавачите.
Младите бараат флексибилно работно време, можност за работа од дома и повисоки плати
4. Хакирана фејсбук-страницата на УКИМ, Универзитетот вели дека е контролирана од непознат субјект
„Стрижењето придонесува за целокупното здравје на овците“, „Млада девојка со одлични вештини за поставување плочки“, „Смешно семејство со непослушна мала ќерка“, „Ме расплакуваш девојче“, „Тие се одлични мајстори за секачи“…
Ова се дел од натписите кои заедно со видеа деновиве се објавуваат на официјалната фејсбук-страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје. Се работи за рандом видеа неповрзани со дејноста на Универзитетот, кој последниот свој пост го има на 3 јуни – за интернационален стартап натпревар.
Според Универзитетот, изведен е хакерски напад и фејсбук-страницата во моментов е контролирана од непознат субјект.
Хакирана фејсбук-страницата на УКИМ, Универзитетот вели дека е контролирана од непознат субјект
5. [Видео] Средношколци од Охрид изработија пловило на соларен погон
Пловило на соларен погон е уште еден новитет кој може да се види во водите на Охридското Езеро. Средношколци од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, заедно со нивните ментори околу половина година работеле на идејата која победила на натпревар организиран од Фондот за иновации и технолошки развој.
Со пловниот објект нема бучава и загадување за најстарото европско езеро, а токму оттука и потекнала идејата за изработка на пловилото.