На градските плажи во Љубаништа и на „Горица 3“ денеска за првпат во Македонија се поставија рампи за полесен пристап на лицата со попреченост, тоалети, а доколку е потребно на располагање имаат и електрична количка, соопшти градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на неговата Фејсбук страницна.
„Апелираме хотелиерите да ги следат заложбите на Локалната самоуправа во еднаков третман на сите граѓани и да постават вакви рампи за полесен пристап на лицата со посебни потреби до Охридското езеро пред нивните објекти“, вели Пецаков.
Дополнително, тој најави дека во наредниот период продолжуваат со опремување на останатите плажи со рампи за пристап и тоалети за лицата со попреченост.
Пецаков посочи дека овие помагала, општината ги обезбедила преку донација од здружението „СОС Балканмедиа“.