[Видео + галерија] Заврши музичкиот фестивал „Егзит“

Со повеќе од 1.000 изведувачи кои настапуваа на 40 бини низ Петроварадинската тврдина во Нови Сад, годинешниот „Егзит“ заврши вчера.

Фестивалската атмосфера на 22 издание „Егзит“ ја понесоа фантастични концерти,  диџеј сетови кои беа посетени од 200.000 посетители.

Фото: Пасворд продукција

Познат по својата жанровска разноликост, музичкиот фестивал годинава како главни ѕвезди ги претстави раперката Иги Азалија, боговите на електронскиот звук Борис Брејча, „АРТБАТ“, Монолик, Анфиса Летјаго,  Келвин Харис, носителот на алтернативната ода Ник Кејв, и белорускиот состав „Молчат дома“.

На 22-риот роденден на „Егзит“ настапи и  Ана Ѓуриќ – Констракта која имаше моќен, а меѓу главните ѕвезди годинава се најде и нашиот Кирил Џајковски заедно со MC Rootsman I, кои ја раздвижија публиката на „Фјужн стејџ“.

Фото: Орадио

„Егзит 2022“ започна со двојна церемонија за отворање. На она свеченото, на бината „Пачамама“, беа пуштени 22 гулабици, а беше откриена и уметничката инсталација „Yellow Submarine“ на Дунав.

Традиционалното отворање на фестивалот беше проследено со огномет на Главната фестивалска бина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Engage Kicks & Gigs (@radiomofmusic)

Поглед кон Дунав и целиот Нови Сад на зајдисонце со пораки за мир, емпатија, љубов, солидарност и заедништво/Фото: Пасворд продукција