МЗ: 511 новозаразени со Ковид-19, активни се 1.889 случаи

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие биле регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 276 случаи во Скопје, по 27 во Куманово, Кавадaрци и Охрид, потоа Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица и Кочани – по 12, Радовиш и Делчево – по 6, Гостивар, Струга, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка – 3, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 2 и по 1 во Берово, Валандово и Богданци.

Од вкупниот број позитивни – 511, регистрирани се 129 реинфекции.

Од МЗ соопштија дека во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица, но дека согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје на 72 и 88 години на 5 јули.

Регистрирани сe 264 оздравени пациенти, односно од Скопје – 149, Охрид – 15, Кавадарци и Битола – по 12, Куманово – 11, Тетово – 9, Велес – 8, Прилеп, Струмица и Гостивар – по 6, Штип и Неготино – по 5, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Струга, Крива Паланка и Пробиштип – по 2 и по 1 од Делчево, Ресен, Богданци, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Капија.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889“, се додава во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 2.092.192 тестирања на КОВИД-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.489 тестови.