Најновите фотографии произведени од телескопот „Џејмс Веб“ се навистина импресивни, но диско футуризмот од 80-тите и електронското дуо „Дафт панк“ од ’93 го направија тоа први, пишува весникот „Гардијан“.
Администраторот на НАСА, Бил Нелсон изјави дека ова се најдлабоките и со најостра резолуција фотографии направени во инфрацрвена светлина од далечниот универзум досега.
Всушност, пионерите на диско движењето во 1970-тите го започна заострувањето и разубавувањето на сликите од вселената што сега ги гледаме. Тие додаваа повеќе сјај на ѕвездите и го осветлуваат обоениот спектар на космосот. Сега, зачудувачките, „фанкaделични“ слики од телескопот сугерираат дека тие навистина биле во право – вселената навистина е дотолку „груви“.
Изгледа дека музичките фанови сe позаинтересирани да ги споредуваат сликите со омотот на дрим поп, фанк и диско албумот од „Cocteau Twins“, „Parliament“ и саундтракот на „Saturday Night Fever“ што се естетски адаптирани, но астрофизички неточни во однос на новите сознанија за небото.
Човекот што прв го лансираше диско движењето во длабочините на вселената е италијанскиот диџеј Даниел Балдели, кој во 1970 година беше вработен во клубот „Космик“ во северна Италија. Таму, Балдели комбинирал конвенционална соул и фанк плочи заедно со бритнаски и европски техно поп продуциран со афрички и бразилски звуци како и инсерти од германскиот „краутрок“ од бендови како „Tangerine Dream“ и „Ash Ra Tempel“.