Со проекцијата на филмот „Нема да си сама“, вчера официјално заврши 21. издание на Фестивалот за европски филм „Cinedays“.
Под слоганот „Од високо подобро се гледа“, во текот на изминатите денови беа прикажани 50 филма од европски продукции и режисери, а фестивалот беше отворен со премиерата на филмот „Мими“ од Даријан Пејовски.
На затворањето на фестивалот беа доделени и наградите во двете фестивалски програми, Официјална селекција и SEE (South Eastern Europa) селекција.
Во Официјалната селекција, Златна ѕвезда доби филмот „107 мајки“, во режија на Петер Керекеш. Сребрената ѕвезда му припадна на хрватскиот режисер Матеуж Лузар за филмот „Оркестар“, а признанието Сина ѕвезда го доби филмот „Други луѓе“ режиран од полската режисерка Александра Терпинска.
Специјално прзнание оваа година доби актерката Наталија Теодосиева за, како што опишуваат од жирито, динамичната изведба на нејзината улога во филмот „Мими“ на Даријан Пејовски.
Во втората категорија, „SEE“ селекција, специјално признание му беше доделено на режисерот Иван Бакрач за неговиот филм „По зимата“, а со Златно сонце за најдобар филм се закити „Вера сонува за морето“ од режисерката Калтрина Красниќи