Друштвото на ликовни уметници Битола (ДЛУБ) најавува отворање на Годишна изложба ДЛУБ на 19 јули во 20 часот, во изложбен салон КЦ Магаза.
Според организаторот, на годинашнава изложба се презентирани 56 дела, слики, графики и скулптура од четириесет и еден автор од Битола, како и од други македонски градови.
„Изложбата на тој начин доби во својата стилска разновидност свежина што е карактеристично за делата изработени во 2021-2022 год од автори кои припаѓаат на помладите генерации, што е нормален процес на промена со текот на времето“, велат организаторите.
Изложбата ќе трае до 28 јули, може да се посети во работни денови од 9-16 часот, а во сабота до 14 часот.
Автори: Душан Шешиќ. Димитар Димитров, Синиша Кашавелски, Матеј Богдановски, Васко Ѓоргиев, Владимир Младеноски, Маја Ковачевска, Дурмиш Ќазим, Ване Костуранов, Валентина Илијевска, Вангел Крстиновски, Стеван Цигаридов, Петар Кирановски, Игор Стаменковиќ, Стефан Анчевски, Тони Попов, Панде Петровски, Вано Кеков, Елена Ѓорѓиевска, Дејан Макаријоски, Андријана Мациев, Анастасија Петрова-Мушовска , Динко Ненов, Кирил Т. Константин, Илија Маџаров, Стефан Малбашиќ, Ленче Крстеска Јагоридовска, Сашо Блажески, Решат Амети, Љупка Галазка Василев, Славица Милева, Лара Ташковска Ларсон,Владимир Илиевски, Александар Поповски (Цанче), Роберт Михајловски, Оливера Лазаревска, Александар Поповски, Слободан Рајчевски, Татјана Манева,Бојана Артиновска и Димитри Балојани.