Министерството за образование и наука (МОН) денеска информираше дека во следниов период ќе започне реконструкција на осум основни училишта.
Оттаму посочуваат дека ќе се реконструираат училиштата „Дитурија“ во Сарај, „Братство единство“ во Дебар, „Јашар Беј“ во скопската општина Чаир, „Гоце Делчев“ во село Вељуса, „Страшо Пинџур“ во село Јосифово, како и основното училиште „Перпарими“ во село Чергане, основното училиште „Сабедин Бајрами“ во село Камење и ООУ„11 октомври“ во Куманово.
„Министерството за образование и наука продолжува со инвестициите во образовната инфраструктура, а кои значат унапредување на условите за едукација на младите и на условите за работа на наставниот и стручниот кадар. Ова е компонента на образовниот
систем на чија модернизација ќе се стави фокусот и во следниот период, затоа што условите во училиштата во голема мера влијаат на мотивацијата за постигнување подобри резултати“, велат од МОН.
Дополнително, оттаму велат дека неуморно продолжуваат да работат на подобрување на образовниот систем, додавајќи дека државата заслужува квалитетно образование и задоволни млади.