Непалски Шерпас стана првиот човек кој два пати ги искачи сите врвови над 8.000 метри

47-годишен непалски Шерпас постави нов алпинистички рекорд откако по вторпат ги искачи сите 14 светски врвови повисоки од 8.000 метри.

Се работи за Сану Шерпас, од регионот Санкувасаба во источен Непал, кој вчера го искачи врвот Гашербрум 2 во Пакистан висок 8.035 метри, соопштија од неговата компанија за планинарење „Пионир Адвенчр“, пренесе Си-Ен-Ен.

„Тој е единствениот човек на светот кој ги искачил сите 14 највисоки врвови два пати“, изјавил за Ројтерс, Нибеш Карки, директор на компанијата.

Осум од 14-те највисоки врвови, меѓу кои и Монт Еверест, се наоѓаат во Непал. Другите шест врвови се во Пакистан и регионот Тибет во Кина.