Бесплатна проекција на наградуваниот филм „Gypsy queen“, вечерва, на 22 јули, ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје.
Проекцијата на филмот е во организација на Ромалитико, а ќе започне во 20 и 30 часот, на Школка.
Филмот ја раскажува приказната на Али, мајка која една вечер ќе открие боксерски ринг и ќе започне да се потсетува на нејзиниот талент, по што кај неа се буди надеж за подобар живот.
За својата главна улога во филмот, актерката Алина Сербан, која воедно е првата ромка која е наградуван театарски и филмски режисер од Романија, се здоби со филмската награда за најдобра актерка на German Actor Guild Awards 2020.
По филмот ќе следува дискусија, на која публиката ќе може да постави прашања на присутните од филмската екипа.