Најмалку 15 лица се убиени, а околу 50 се ранети за време на дводневните насилни протести против Обединетите нации (ОН) во градовите Гома и Бутембо на истокот на Конго, пренесува Н1. Демонстрантите ги нападнаа зградите на ОН, а меѓу загинатите има и персонал на ОН.
Репортер на Ројтерс, наводно видел како мировните сили на ОН убиле двајца демонстранти, додека луѓето фрлале камења и ја палеле зградата на ОН во Гома.
Протестите започнаа во понеделникот, кога стотици луѓе го нападнаа и почнаа да го ограбуваат складиштето на ОН во Гома, каде се наоѓа регионалниот центар на меѓународните хуманитарни групи.
Демонстрантите побараа мисијата на ОН да ја напушти земјата, а протестите се проширија и во Бутембо, околу 200 километри северно од Гома.
Протестите беа организирани од младинската фракција на владејачката партија, која ја обвинува мисијата на ОН, позната како МОНУСКО дека не ги заштитила цивилите од полициското насилство.