Дождовницата речиси насекаде на Земјата има небезбедни нивоа на „трајни хемикалии“, според ново истражување, јавува Евроњуз.
Перфлуороалкил и полифлуороалкил супстанциите се големо семејство на хемикалии произведени од човекот кои не се појавуваат во природата. Тие се познати како „трајни хемикалии“ бидејќи не се распаѓаат во околината. Супстанците можат да се најдат во предмети за домаќинства како пакување храна, електроника, козметика и садови за готвење.
Но, сега истражувачите од Универзитетот во Стокхолм ги пронајдоа супстанците во дождовницата на повеќето локации во светот, вклучувајќи го и Антарктикот.
Нивоата на безбедност за некои од овие „трајни хемикалии“ драстично се намалија во последните две децении поради новите сознанија за нивната токсичност.