Тим од истражувачи на матични клетки во Израел го креираше првиот синтетички ембрион составен од матични клетки на глувци.
Ваквиот подвик се оценува како клучен за ставање крај на тестирањето на животни во медицинските истражувања и нуди нови решенија за лекување на луѓето.
Ембрионите што ги создадоа научниците на Институтот за наука Вајцман во Израел се „синтетички“ бидејќи нивното креирање е возможно без да се користи јајце клетка или сперматозоид а дури ни матка од глушец.
Матичните клетки на глувците се клетки што може да се развијат во било кој орган или ткиво биле одгледувани во вештачка утроба во период од осум денови каде што успеале да развија рудиментиран мозок, цревни патишта и срце што чука.
По осум дена – еквивалентен период од три месечна бременост на глушец, ембрионот престанал да расте.
„Еуроњуз“ пренесува дека експериментот е уште еден успех во трката за развој на ембриони од човечки и глувчешки матични клетки што научниците од Институтот го опишале како клучен за разбирање на начинот на кој се развиваат органите во ембрионот и дека на овој начин еден ден ќе може да се креираат органи за трансплантација што им се потребни на луѓето.
Истражувањето што во понеделникот беше објавено во списанието „Клетка“ поттикна и етички прашања.
Едно од прашањата гласи: „Сите овие нови можности преку кои научниците може да претвораат матични клетки во човечки органи, а дури и ембриони стануваат се пософистицирани и поуспешни, сега ги достигнуваме целите што некогаш се сметаа за невозможни, но дали со ова престанавме да размислуваме за граници?“.
Меѓународното здружение за истражување матични клетки (ISSCR) се обиде да одговори на ова прашање минатата година кога издаде нови упатства за одгледување на човечки ембриони во лабораторија и нови ограничувања на истиот процес да трае најмногу до 14 дена, пред да се појават првите знаци на нервниот систем. По тоа, сите ембриони мора да се уништат.
Сепак, создавањето на синтетички ембриони е нов метод што не може да ги запазува истите правила. Односно, на овој начин може да се создаваат нови глувци со користење на било која друга клетка на глушецот, што го поттикнува прашањето што подоцна ќе нѐ спречи да создаваме човечки ембриони надвор од утробата?
The Weizmann Institute’s researchers said their only goal in conducting the experiment was to prove whether it could one day be possible to create synthetic embryos able to grow replacement organs for those in need of a transplant.
„Нашата цел не е да создаваме бременост надвор од утробата, независно дали станува збор за глувците или било која друга врста. Се соочуваме со потешкотии за да создаваме органи и за да може од матичните клетки да настанат органи, мора да научиме како самиот ембрион го прави тоа. Започнавме со ова бидејќи матката е црна кутија, воопшто не е проѕирна за откривање.“, изјавил за Вашингтон пост, водечкиот истражувач, д-р Џејкоб Хана.
Д-р Хана има формирано своја компанија позната како „Renewal Bio“, со цел да расте и одгледува синтетички ембриони што ќе создаваат клетки и ткива кои ќе може да се користат за трансплантација и замена кај луѓето.