На 75 годишна возраст, денес почина новинарот Јанко Николовски.
Николовски е роден во Скопје каде завршил правен факултет. Кариерата ја почнал во 1970 година во тогашната Телевизија Скопје, прво како новинар, а потоа и уредник на актуелно политички емисии.
Тој е добитник на две државни награди „Мито Хаџивасилев-Јасмин” – првата во 1975 година за новинарство во 1975 и втората за публицистика во 2005 година.
Николовски во 2006 беше избран за прв претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, каде остана до своето пензионирање. Тој беше член и на неколку експертски групи на Советот на Европа во Стразбур, за прашања за слобода на медиумите.