Писателот Салман Ружди е приклучен е респиратор откако вчера повеќепати беше избоден со нож пред одржување на трибина во американската држава Њујорк, јавува Евроњуз.
Авторот, чие пишување доведе до смртни казни од Иран во 80-тите, остана со тешки повреди по телото поради нападот што се случи пред неговото предавање во Њујорк.
„Вестите не се добри. Салман веројатно ќе изгуби око, нервите на раката му беа отсечени и прободен е во црниот дроб“, изјави Ендрју Вајли, агент на британскиот писател.
Светски познатиот автор повеќе од 30 години беше цел на фатва на починатиот ирански врховен водач ајатолахот Хомеини за неговото дело „Сатански стихови“, објавено во 1988 година.
Полицијата го идентификуваше напаѓачот како Хади Матар од Фервју, Њу Џерси. Матар е уапсен на местото на настанот, а инцидентот се случил нешто пред 11 часот по локално време. Мотивот за нападот останува нејасен.
Книгата на Ружди „Сатански стихови“ е забранета во Иран од 1988 година, бидејќи многу муслимани ја сметаат за богохулна.