Децата во Холандија се меѓу најсреќните на светот, пишува порталот Findingdutchland инспириран од блогот „Raise Happy Kids, Parents Around the Globe Share Their Secrets“.
Во текстот се наведуваат осум причини кои им овозможуваат на овие деца среќно детство.
1. Родителите од Холандија се меѓу најсреќните во светот
Оттука не е изненадување тоа што најсреќните деца во светот исто така имаат родители кои се помеѓу најсреќните луѓе на светот. Според извештајот на Обединетите нации за среќата, објавен минатата недела, Холандија беше рангирана на четвртото место со најсреќен народ на земјата.
2. Холандските мајки не се депресивни
Холандски психолог и новинар Елен де Брун ја има напишано книгата со наслов „Холандските жени не се се депресивни ” илустрајќи го овој феномен. Според авторката, личниот избор е клучен: во Холандија луѓето се слободни да го изберат својот животен партнер, нивната религија, нивната сексуалност, слободно користат лесни дроги и слободно го изразуваат своето мислење.
3. Татковците од Холандија имаат рамноправна улога во одгледувањето на своето дете и честопати работат со скратено време
Според написот во Њујорк Тајмс „Работа ( со скратено работно време) во 21 век”, се нагласува холандската култура на скратено работно време . До 1996 година, холандската влада ги изедначи скратеното и полното работно време на своите граѓани, отворајќи го патот за поголем баланс меѓу работата и социјалниот живот. Како и нивните женски колеги, сè повеќе холандски татковци работат само четири дена и посветуваат еден ден во неделата на нивните деца.
4. Холандските деца не чувствуваат притисок дека мора да напредуваат во училиште, со што имаат многу малку стрес. Тие ретко имаат домашна работа, па оттука имаат многу време за игра после училиште
Генерално, учениците во основно училиште од Холандија немаат домашни задачи, а системот ги охрабрува да уживаат во учењето. Од 12-годишна возраст, тие имаат поголем избор за продолжување на своето образование, кое е насочено преку тестовите за интелигенција и нивните способности и интерес за избор на средното училиште. Холандските средношколци , исто така, не се соочуваат со „озлогласениот“ притисок за прием на факултет, односно за нив нема формална конкуренција при апликацијата на универзитетите.
5. Холандските деца можат да јадат чоколади, или чоколаден крем со путер на парчиња бел леб за појадок и тоа секое утро
Сепак, Обединетите нации оценија дека холандските деца здраво се хранат. Традиционалниот холандски појадок, без разлика дали е за дете или за возрасен, всушност честопати се состои од парче бел леб , путер и чоколадо . Холандскиот ручек, кој често вклучува варијација на парче леб со парче сирење, или тенко парче шунка, се чини не е многу здрав . Сепак, тајната е во умереноста, а ако се стави пред едно дете од Холандија чинија полна со чоколадо , повеќето од нив ќе се задоволат со само едно парче.
6. Тие имаат право да го изразат своето мислење
Холандски деца се љубопитни, сакаат се да видат и слушнат. Од моментот кога започнуваат да формираат свое мислење , холандските родители внимателно ги слушаат.
7. Децата имаат свој ден за со „баба“
Ако некогаш се најдете на игралиште на работен ден, шансите се исто така големи дека ќе наидете на холандска баба со нејзините внуци. Многу холандски баби ин помагаат на нивните деца и играат клучна улога во нивниот живот. Најчесто, еден ден во неделата тие го минуваат со своите внуци.
8. Холандската влада им дава на семејствата пари секој месец за да им помогне со трошоците
Одгледувањето деца може да биде многу скапо. Според USDA, дете родено во САД во 2012 година, до 18-годишна возраст ќе ги чини родителите околу 24о илјади долари. И покрај економската криза и многу кратења на субвенциите, холандските семејства и понатаму ќе продолжат да добиваат пари од холандската влада. Поточно, холандските семејства земаат детски додаток, детто зема т.н. стипендија (која зависи од примањата на родителите), но и бројни попусти како и додаток за згрижување.
Очигледно, нашата сегашна реалност, тешко се поклопува со холандскиот модел за одгледување на децата, пишува Findingdutchland.