Наместо „нашминкано“ портфолио за завршени студии и активности кои постојано се повторуваат во сечија биографија, германската компанија „Mawista“ нуди стипендии за лица кои имаат „исклучителни лични карактеристики“.
Како што стои во огласот, целта на компанијата е да се фокусира на личноста на кандидатот и неговите предзнаења, односно на тоа дека токму личноста на кандидатот придонесува кон разновидноста во образованието.
„Mawista“ бара кандидат којшто некогаш се вклучил во акција против стереотипи, достигнал или искусил некакво несекојдневно искуство. Избраниот стипендист треба да се има неколкупати премислено околу изборот на своите студии, да биде „вечен“ студент и да е горд со тоа, да има едвај двојка по математика, но сепак да решил да се запише на студии на овој предмет.
Стипендијата вклучува по 500 евра месечно во текот на цела година. За оние кои сакаат да аплицираат не постои ограничување, ниту во однос на националноста, ниту пак во однос на тоа од која држава доаѓа. Апликантите ќе треба само да ја пополнат апликацијата и да испратат кратка биографија на paradiesvogel@mawista.com.
Најдобриот кандидат ќе биде избран со јавно гласање.