На британските домаќинства со паметни броила би можело да им се исплати да ги исклучат високо-енергетските апарати, како што се машините за перење алишта за време на периодите кога потрошувачката на енергија е најголема, за да се намали ризикот од недостиг на струја зимава, пренесува Ал Џазира Балканс.
Операторот на националниот електроенергетски систем ЕСО се подготвува да ги објави плановите за наградување на потрошувачите за намалување на притисокот врз електричната мрежа.
Попустите за намалување на потребата на апаратите, како што се машини за сушење алишта или машини за миење садови за време на периодите кога има најголема потрошувачка на струја од 17 до 20 часот може да изнесуваат и до шест фунти по заштеден киловат.
Британскиот медиум Сандеј тајмс кој прв извести за ваквите планови, рече дека мрежата ќе аплицира за регулаторно одобрување, со надеж дека шемата ќе биде одобрена до крајот на октомври.
Портпаролот на ЕСО рече дека „развиваме нова услуга која ќе биде достапна за потрошувачите во текот на оваа зима и наскоро ќе објавиме дополнителни информации“.