Во кафе бар „ЛИ“, во четврток, 25 август по 20 часот, ќе бидат изложени дела на Ленче Данаиловска, како дел од нејзината трета самостојна изложба „Поезија во боја”. Отворањето е најавено во 20 часот, а потоа делата ќе бидат изложени до крајот на септември.
На изложбата ќе бидат поставени триесетина дела работени во техниките акрил на платно и комбинирана техника. Изложбата следува по „Слики наместо зборови“ во 2015 и „Облици и изблици“ во 2018.
Насловот на третата изложба го претставува визуелниот израз, како колоритна поезија, поезија во боја.
Ленче Данаиловска е родена во Скопје, 1975 година. По професија е електротехнички инженер и работи во информатичка компанија. Долгогодишен еколошки и граѓански активист.
Од хоби, од чист мерак, се занимава со сликање, цртање и вајање се’ уште од детството.