Вечерва, околу 23.30 часот, непознати стoрители извршиле ванадалски чин врз таблите за слободно изразување “Before I Die” во Старата Чаршија, во Скопје. Напаѓачите ги искршиле двете табли и го уништиле просторот за слободно изразување на граѓаните. Организаторите на кампањата беа на лице место и го собраа искршениот материјал. Повеќе информации Радио МОФ ќе објави текот на утрешниот ден.
Ѕидот за слободно изразување, на тема„Before I die…“ беше отворен на средината на септември, а започнатата реченица “Before I Die …”можеа да ја дополнат сите оние што ќе се најдат во Чаршија.
Инсталацијата е инспирирана од младата американска уметница Кенди Ченг, авторка на проектот Before I Die, реплициран во голем број светски метрополи.
Настанот се организираше во рамките на проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум. Младите активисти, вклучени во проектот, преку есеи, мултимедијални содржини (видео, аудио, фотографија и графички дизајн) и кампањи ги промовираат основните демократски вредности во заедниците во кои што живеат.