Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје информира дека учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, билетите ќе ги добијат во матичните училишта.
„Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка ‘Скопска’ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје“, велат од претпријатието.
Неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.
„Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии“, соопштува ЈСП.