Јутјуб одлучи да доделува музичка награда, која по примерот на сличните настани ќе се доделува еднаш годишно.
Важна улога во наградувањето на музичарот ќе има публиката која врз основа на вкупниот број прегледи и споделување на песните во текот на годината, ќе одлучи кој ќе ја освои наградата.
Номинираните за оваа година Јутјуб ќе ги претстави на 17 октомври, од кога на корисниците ќе им биде овозможено и гласање.
Првото доделување на Јутјуб наградите, ќе се одржи на 3 ноември оваа година со домаќинот – водител, Jason Shwartzman, а за забавниот дел на доделување на наградите ќе се погрижат со своите настапи Lady Gaga, Eminem и Arcade Fire.