Овој викенд, на 3 и 4 септември на две локации во Автокоманда, Домот на култура „Димитар Влахов“ и плоштадот Коцка ќе се одржи настанот Гази Баба Хип-Хоп фест.
Во сабота (03.09) во 10:00 часот танцовиот колектив „Еурека“ ќе има свој перформанс, а во 12:00 часот програмата предвидува графити работилница со Vutar.95.
Следниот ден, во 17:00 часот ќе се одржи интерактивна трибина на тема „Хип-хоп културата во општество на конзумеризам“ која ќе ја модерираат Кацар и Сузи Тенева, од 18:00 часот ќе настапи DJ Drazi Drags, а потоа од 19:00 часот ќе следи настап и неформална дружба со хип-хоп артистите Давид Блек, Пецо Исток, Алфа и Тони Зен.
Настанот е во организација на општина Гази Баба и Домот на култура „Димитар Влахов“, а влезот е бесплатен.