Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Фото] Отворен мултифункционален центар „Крикни“ за млади и лица со попреченост

Фото: Радио МОФ

На улица „Баница“ во скопската населба Црниче се наоѓа објект на месната заедница. Овој објект општината го даде на користење на „КРИК“, кој со свои луѓе, негуватели и волонтери го реновираше и адаптираше во Мултифункционален центар „Крикни“ за млади и за лица со попреченост. Тука младите ќе можат да одржуваат обуки, работилници и разни настани од свој интерес, а притоа се отвора и Дневен центар за окупациона терапија, со цел да понуди поинакви услуги во заедницата.

2. За две децении речиси 80 илјади ученици помалку во македонските училишта [Инфографик]

Архивска илустративна фотографија

3. [Интервју] Концертните изведувачки на #ППЖ10: „И понатаму живееме во тврдокорен патријахат“

„Фактот е дека на глобално ниво жените во музичката индустрија сè уште се малцинство, па 2022 година е доказ дека и бината е простор кој допрва треба да се освојува. Кај нас ситуацијата не е многу подобра – напротив, со оглед на тоа дека музичката индустија е скоро непостоечка, музички фестивали има малку, а за родовиот јаз сè уште се шепка“, истакнуваат од „Тиииит! Инк“.

4. [Фото] Протести во регионот против силувањето на 11-годишното девојче во Приштина

Фото: Протест на плоштадот Скендербег во Скопје / „Mollëkuqja/Бубамара“

Толпа граѓани со протестни пароли и пораки како „Не ме допирај“, „Насилството нема оправдување“, „Не си ти крива, крив е силувачот“, „Не ми кажувај што да облечам, кажи му да не силува“, деновиве во Скопје, Приштина и Тирана јавно го изнесоа револтот против насилството врз жените и девојчињата, откако беше пријавен случајот за 11-годишното девојче од Приштина силувано од петмина мажи.

5. Половина век МКЦ – културното лице на градот

Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје годинава слави „50-ка“, половина век постоење!

Основан во 1972 година под името „Дом на млади – 25 мај“, основната задача и цел на МКЦ е промоција на културата, културните и научните вредности на младите.

Во 80-ите, како ќе кажеше некогашниот директор на МКЦ, Мирко Стефановски, своевремено беше работилница на младата генерација. Имаше преку 100-ина клубови, компетиција со најкреативните млади луѓе од цела Југославија. Извонреден фото-клуб, мајстори на фотографија, радио клуб, женскиот хор „25 мај“, детскиот хор „Развигорче“, формиран е младинскиот оркестар, „Џез фестивалот“ итн.