Новата збирка раскази од Игор Анѓелков, „Двојна експозиција“ ќе биде промовирана утре (6 септември) во Клуб ресторанот на Младинскиот културен центар.
Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски.
Настанот ќе започне во 20:00 часот, а по промоцијата музички настап ќе има македонскиот бенд „Хајка“.
Игор Анѓелков дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Официјалното книжевно деби го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни. Анѓелков зад себе има и три дела од областа на филмската есеистика, „Филм.мкд“, за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Филмски град“ и „Филмотопија“. „Двојна експозиција“ е негова втора збирка раскази.